Don't Miss
Home / Политика / Канцеларијата на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со продолжено работно време

Канцеларијата на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со продолжено работно време

Продолжено е работното време на канцеларијата на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Наместо како досега од 10 до 14 часот во петок, пратениците ќе реализираат средби со граѓаните во истиот ден од 10 до 18 часот.
-На барање на граѓаните, канцеларијата на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во Битола ќе го продолжи работното време. Наместо во петок од 10 до 14 часот, пратениците ќе остваруваат средби со граѓаните истиот ден во терминот од 10 до 18 часот. Пред се работата на канцеларијата е во насока ние како пратеници да бидеме поблиски до проблемите на граѓаните кои што ги имаат за решавање, да имаме можност да ги слушнеме нивните идеи и забелешки- вели пратеникот од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски.
Канцеларијата на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ е лоцирана во просториите на урбаната заедница Коле Канински на улицата “Солунска”. Истата постои од 2008 година, кога за првпат во Битола, граѓаните имаа можност да остварат директна средба со пратениците и да побарат одредена помош, консултација, совет или пак да дадат свое мислење.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*