Home / Вести / Казнени налози за 20 лица

Казнени налози за 20 лица

Основното јавно обвинителство Битола денеска до Основниот суд Битола поднесе предлози за определување казнени налози против вкупно 20 лица, сите обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Сите обвинети, во одвоени кривично-правни настани на 27, 28, 29 и 30 март,  не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест COVID – 19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Северна Македонија.

Надлежните јавни обвинители до Судот за сите обвинети лица предложија определување парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност​.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*