Денеска и утре на територијата на општина Новаци,екипи на Центарот за јавно здравје-Битола, ќе извршат превентивна систематска дезинсекција. Од ЈЗУ-Центар за јавно здравје-Битола информираат дека третирањето ќе се врши со препаратот „Аљуа К-Отхрине” со активна сустанца „Делтаметрин”.Теристичката дезинсекција, или активности од земја со запрашување ќе се врши од 19 до 2 часот по полноќ, со апаратура за ладно запрашување и ќе се реализира врз зелените површини на општината, застојни води, каналниот систем и други локации во таа локална самоуправа.
Втора фаза од дезинсекцијата со цел уништување на комарците ќе се врши во истиот период и време. Во Новаци со дезинсекција опфатени се подрачјата по течението на река Црна, каналниот систем, локалитети со застојни водени површини и делови од населбите, додека пак во општина Могила акцијата ќе се реализира кај зелените површини, по течението на реки и водотеци и други жаришта каде најчесто има комарци, велат од Центарот за јавно здравје-Битола.