По завршувањето на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ, поранешниот
генерален секретар на социјалдемократите, Александар Кирацовски излезе со став дека
за претстојните локални избори и кандидатите за градоначалници треба да се бираат на непосредни вантрепартиски избори.
– Апелирам и ќе настојувам секој позначаен избор на општествени и внатрепартиски функционери, особено изборите за кандидати за градоначалници да се избираат на истиот – непосреден начин, затоа што секоја импровизација, скапо не чини, а секој вистински избор е општествен благодет. Мнозинството сочинето од членовите на СДСМ е доследен репрезент на граѓанското мнозинство, што претставува вистинскиот избор. СДСМ е прв во промените. Да се потрудиме истите да бидат делотворни и плодотворни, изјави Александар Кирацовски