Don't Miss
Home / Uncategorized / Кирацовски, Џафери и Манчевски ќе сведочат за претепувањето на Села

Кирацовски, Џафери и Манчевски ќе сведочат за претепувањето на Села

Претседателот на Собранието Талат Џафери, министерот Дамјан Манчевски и пратеникот Александар Кирацовски, претпладнево дојдоа во Кривичниот суд за да сведочат во процесот за нападот врз пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците Зијадин Села во Парламентот на 27 април минатата година.

Дел од медиумите во пресрет на денешното рочиште објавија дека како сведок е поканет и премиерот Зоран Заев, но тој досега не се појави во судот.

На претходните рочишта сведочеа неколку сведоци, меѓу кои и Зијадин Села. Тие зборуваа за случувањата и насилството што се случи врз Села на 27 април 2017 година кога Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието на РМ.

Во овој случај обвинети се Кире и Цане Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра.

На претходните рочишта обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села се изјаснија за невини. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат виновни и оти тоа ќе го докажат во натамошната постапка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*