Don't Miss
Home / Uncategorized / Кирацовски на средби со граѓаните на Битола,Новаци и Могила

Кирацовски на средби со граѓаните на Битола,Новаци и Могила

Кирацовски беше во посета на Пелагонискиот регион каде што се сретна со граѓани, членови и поддржувачи на СДСМ од Могила, Новаци и Битола.

Во разговорите со граѓаните, Кирацовски зборуваше за спроведените реформи во изминатата година преку кои се обезбедуваат нови инвестиции и работни места, зголемени субвенции, повисоки пензии и повеќе пари кај граѓаните.
Кирацовски се осврна и на историскиот договор меѓу Македонија и Грција со којшто се става крај на 25 годишниот спор што ја влечеше земјава надолу и придобивките од отворените перспективи, од членството во ЕУ и НАТО, од обезбедениот идентите.

– Пред нас е историска шанса. Граѓаните имаат шанса да испишат нови страници од нашата историја. Заедно да ставиме крај на долгогодишниот спор што ја држеше Македонија во стагнација, што не влечеше надолу и да ја обезбедиме македонската иднина. Имаме историски договор којшто го зајакнува и зацврстува нашиот идентитет, ни ги отвора вратите за членство во НАТО и почеток на преговорите за членство во ЕУ. Тоа ќе значи загарантирана стабилност и безбедност, но и нови инвестиции, нови подобро платени работни места. Сето тоа обезбедува повеќе пари во секое семејство, кај секој граѓанин. – порача Кирацовски.
После децениски порази, порача Кирацовски, време е за победи и успеси.

-Цел демократски свет го поздравува постигнатиот договор, упатува честитки за лидерството на двете земји. Тоа е поддршка за просперитет на нашата земја, тоа е поддршка за македонската иднина. Почитувани, Вие, граѓаните ќе го имате последниот збор на реферндум. Затоа, да се сплотиме и да дадеме поддршка на овој договор. Да кажеме ДА за интеграција во ЕУ и НАТО, да кажеме ДА за зацвртусвање на нашиот, македонски идентитет, да кажеме ДА за македонската иднина!, повика Кирацовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*