СДСМ во Битола е пред убедлива победа.
Ова го најави потпретседателот на СДСМ и кандидат за пратеник Александар Кирацовски, кој на прес конференцијата во седиштето на партијата каде веќе почна славјето изјави дека по преброени 2/3 од гласовите на избирачките места СДСМ има освоено 20.408 гласови, а ВМЕРО ДПМНЕ 16.908 гласови.
-Овој резултат е само најава дека по многу години и порази СДСМ во Битола конечно ќе слави победа и ќе го најави паѓањето на локалната власт, изјави Александар Кирацовски, кој им се заблагодари на битолчани кои со масовното излегување на гласање покажаа дека сакаат промени .
Б.В.