Home / Uncategorized / „Киро Дандаро“ ќе го печати изборниот материјал и Избирачкиот список

„Киро Дандаро“ ќе го печати изборниот материјал и Избирачкиот список

Печатницата „Киро Дандаро“ од Битола ќе го изработи и печати доверливиот изборен материјал и ќе го испечати Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори на 11 декември.

Оваа одлука на синоќешната седница ја донесе Државната изборна комисија (ДИК). Членовите на ДИК решавале меѓу понудите на „Киро Дандаро“ и печатницата „Европа“.

Печатницата „Киро Дандаро“ го печатеше изборниот материјал и во претходни изборни циклуси.

Државната изборна комисија (ДИК) на синоќешната седница одлучуваше и за акредитирање на набљудувачи на изборите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*