Home / Колумни / Кога државните интереси ги надминат политичките суети

Кога државните интереси ги надминат политичките суети

       

          Иако кога станува збор за македонските политичари, кои во “продавањето политика “се однесуваат според рекламниот слоган “Скопско и се е можно”,  никогаш не можеш да бидеш сигурен, сепак овој пат на 1 април во Македнија не  почна пописот на населението.

        По неколку месечни  ултуматуми, условувања, закани, притисоци  и уценувања, лидерите на двете најголеми македонски политички партии на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски,  се договорија да го одложат одржувањето на пописот и тој наместо на  денот на лагата или шегата, 1  април, да се одржи во септември.

        Тоа што не успеаја да го направат со месеци, овој пат двајцата лидери го направија за само два часа.

        Доволни беа само два часа,  Заев и Мицкоски да се договорат не само да го одложат пописот за септември, туку и за многу други отворени прашања и како поуспешно да се надминат пречките со кои се соочува нашата држава.

На лидерската средба, одржана без  медијатори и олеснувачи ,  лидерите Заев и Мицкоски се договрија да ги пролонгираат  и локалните избори, кои ќе се одржат во втората половина на октомври, потоа  за измени на  Изборниот законик и користење т.н. фингерпринт-технологија, која ќе овозможи да се користат електронски терминали за отчитување на прст, да се отвори можноста во иднина да се создадат услови за  една изборна единица во изборните циклуси, избор на градоначалник во првиот круг, ако добие над 30 отсто од гласовите, гласање  на отворени листи за избор на советници во локалните самоуправи.

        По одржувањето на лидерската средба во клубот на пратениците, која според зборовите на лидерите и јавноста поминала во конструктивна  и опуштена атмосфера, двајцата лидери единствено што не се “ договорија “ е како да се вика договорот постигант во клубот на пратениците, зашто сите претходни договори на македонските политички лидери,  кои се одржуваа под менторство на европските ментори  и медијатори, како  Охридскиот, Пржинскиот, или Жан Моне, имаа свои имиња.

        Не знам зошто и кога сите претходни договори, кои беа договарани и потпишувани под менторство на европските олеснители, овој договор постигнат во Клубот на пратениците не  беше прогласен за “историски”.

        Иако можеби ќе звучи  наивно, но според мое лично мислење токму договорот,  постигнат во клубот на пратениците заслужува да биде прогласен за историски, бидејќи, за прв пат од независноста на Македонија  е постигант и потпишан без учество на странски посредници, или “болдужер” преговарачи од калиброт на, Метју Нимиц,  Пердју, Леотар, Рикер, Хан, Могерини…

        Во изминатиот период  од македонската независност се инагледавме и изнаслушавме како за секој политички проблем во државата, македонските политичари како мали деца беспоговорно преговараа  и потпишуваа се што ќе им се дадеше да потпишат, тоа што “преговарачите “ од Брисел или Вашингтон ке им го сервираа или напишеа.

        Така беше и при потпишувањето на Охридскиот мировен договор, така беше и при решавањето на политичката криза  во Пржино, кога по денонокните преговори, македонските политичари во присуство на европските ментори и преговарачи потпишуваа тоа што однапред други им го имаа напишано.

        Токму затоа таквите “исторски “ договори, договорени под патронатот на европските медијатори и ментори  имаа  кус  век на траење и имаа важност  до правата прес конференција.

        После секоја прес конференција, на која беа промовирани тие “историски “ договори, потписниците на договорите, не само што се оградуваа  и дистанцираа од истите, туку и не ги признаваа.

        Оттаму се чини дека договорот постигант во клубот на пратениците меѓу лидерите Заев и Мицкоски не само што има историска димензија, туку треба да служи за пример како во иднина македонските политичари не треба за било кој политички проблем и недоразбирања да бараат посредништво од странците, туку да седнат  без никакви медијатори и посредници и самите да се договорат околу (не)решавањето на проблемите, недоразбирањата  и разијдувањата.

        Затоа многу силна порака имаат пораките  на лидерите  на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицксоки, кој вели дека  во Македонија дијалог е неопходен, а довербата е двонасочна улица и за сите процеси власта и опозицијата треба да изградат заеднички став  и на  Зоран Заев, кој рече дека доколку се сака може да се постигне договор за сите отвоерни прашања.

        По постигнатиот договор во клубот на пратениците се чини дека за прв пат од независноста на Македонија македонските политичари заборавија на своите политички суети, кој е поголем патриот, или предавник  и се надминаа себеси во интерес на државата.

        Тоа во изминатите 30 години од македонската независност за жал не го направија сите претходни лидери или премиери,  кои заслепени од  своите  суети и партиски слепила, немаа храброст да се надминат себеси и без посредници и ментори да дојдат до  заеднички договор.

        Последниот договор  во клубот на пратениците има и друга важна димензија. По ваквиот договор на лидерите на двете најголеми  македонски политички партии, во иднина тешко било која политичка партија, без разлика која етничка заедница ја претствува  ќе може  да  ги уценува нив, а преку нив и државата.

        Конечно сега на сите им е јасно дека кога се во прашање државните интереси и интерсите на народот нема суети, политички уцени и условувања.

        Затоа овој пат и Мицкоски и Заев заслужуваат честитка и поддршка што  ги надминаа своите политички и човечки суети и собра ахраброст двајцата да седант  на тет-а-тет  средба и самите без никакви посредници и ментори да разговараат за сите отворени прашања и да се договорат за истите.

        Со договорот во клубот на пратениците тие испратија силна порака до граѓаните дека иако имаат различни политички ставови и програми, сепак кога се во прашање државните интереси можат да разговараат и да се договорат.

         Доста овој народ беше делен, по партиска, национална, или етничка припадност.

         Цели 30 години од независноста делбите и поделбите станаа начин на опстојување на политичарите на политичката сцена и начин  живот во Македонија. Политичарите со своите политики и политички суети во минатото успаеја да ги поделат не само граѓаните по политичка основа, туку и членовите на најтесните семејства, кои поради инфицираноста од политиката, не сакаа(т) ни да се видат.

         Договорот од клубот на пратениците ке ја  има политичката тежина само доколку  не биде преседан и има само еднократна употреба, а  во иднина политичарите се однесуваат по старо, раскарај па владеј.

        Токму овој договор треба да биде начинот по кој во иднина треба да се водат политиките во Македонија.

        Во тој случај нема ни Заев, ни Мицкоски, а што е најважно ни Македонија да бидат условувани и уценувани постојано да попуштаат пред притисоците на разно- разни политичари или лоби групи за остварување на сини профитерски интереси, или по секоја меѓу политичка кавга да потпишуваат тоа што ке им го напишат странците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*