Home / Вести / “Широк Сокак” широк, но празен

“Широк Сокак” широк, но празен

                            

          По појавата на корона вирусот и препораките на Владата за затворање на сите угостителски објекти, ресторани, кладилници, кафетерии, казина … ја испразнија Битола.

          За тоа како изгледаше “Широк Сокак” во неделата на 15 март, околу пладне, најдобар коментар даде еден  наш сограѓанин, кој  со одредена доза на мајтап рече дека “Широк Сокак “ никогаш не бил толку многу широк, но и толку многу празен.

           Бројот на битолчани кои во неделата се “охрабрија” да прошетаат по “Широк Сокак “ на прсти  можеа да се избројат.

          Само тек – тук некој битолчанец можеше да се забележи како пешачи по “Широк Сокак”.

           Како лојални и послушни граѓани сите сопственици на кафулињата, рестораните, угостителските објекти… од “Јагода “ до “Буре” на Магнолија  им ставија клуч на објектите.

          По главната пешачка улица во градот се движеа само оние битолчани, кои ја правеа својата  редовна “рекреативна тура “ до Шеталиштето.

          Од некогаш стотиците битолчани, кои пиеаја кафе на “Широк Сока” забележавме само еден, кој пиеше кафе од автомат на една од масичките кај продавницата за цигари “Тобако”

          Останатите кафулиња беа затворени и празни. Празни беа и паркинзите,а таксистите се досадуваа чекајќи патници.

          Битолчани едноставно одлучија да ги почитуваат препораките на Владата и да останат дома, со своите најмили.

          Ваква Битола не сме виделе уште од времето кога  по   палењето на дуќаните на битолчани од муслиманска вероисповед беше воведен  полициски час.

          За тоа како изгледаше Битола тоа неделно (прет)пладне најдобро зборуваат фотографиите на нашиот фоторепортер.

Текстот е објавен минатата година на 17 март во Битолски весник, кога беше воведен полициски час, а кога во Битола имаше само 2 позитивни граѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*