Битола во моментов има необновени детални урбанистички планови уште од 1975 година. ГУП не е обновен од 1999 година. Овој сериозен недостаток го кочи севкупниот локален развој, урбаното проширување, урбаната модернизација. Како иден градоначалник најавувам стратегија за просторен развој на градот, инструмент за проектирање на иднината на општината во целост запазувајќи ја одржливоста во просторна, економска и социјална смисла“, најави Христо Кондовски, кандидат за градоначалник на СДСМ и коалицијата.
„Најавувам изработка на нов Генерален урбанистички план како услов за ослободување на севкупниот општински потенцијал, економски развој и просперитет на Битола. На урбанистичката иницијатива ќе ѝ претходи изработка на сообраќајна, хидролошка и сеизмолошка студија и постапка за изработка и донесување на детални урбанистички планови во рамките на границите за детално и генерално урбанистичко планирање. Во изработката на Генаралниот и деталните урбанистички планови ќе бидат вклучени сите засегнати страни. Придобивките од овој крупен чекор се големи, ќе се детерминира новиот плански опфат, ќе се утврди хиерархијата на мрежата кое ќе стимулира решенија за одржлив и еколошки равој. Ќе се задоволат новите потреби на градот во поглед на сообраќајот, инфраструктурата, демографијата и екологијата. Новиот ГУП ќе биде во електронска форма и во согласност со новата законска регулатива. Периодот на изработка како голем зафат е во текот на целиот мандат, а предвидените средства се во износ од 900 000 евра. Ова ќе ги отвори сите можности за современа инфраструктура во градот“, рече Кондовски.