Деновиве во Битола се одржа конститутивна седница на мрежата за интегриран развој на Пелагонискиот регион. Функционирањето на оваа мрежа ќе придоенсе за развој на Пелагонискиот регион преку реализирање на проекти кои во голем дел ќе поттикнат поголем развој на бизнисот во регионот.
Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион е носител на проектот за формирање на Мрежа за интегриран развој на Пелагонискиот регион.
На првата конститутивна седница се формира заедничко работно тело со што ќе се овозможи интегрирање на сите веќе постоечки платформи и мрежи кои функционираат на оваа територија.
-Заедничката реализација на проекти од деветте локални самоуправи членки на ЦРППР како и Регионалниот стопански комори, невладини организации, и претставници од бизнис секторот ќе биде насочена во изнаоѓање на решенија за поинтензивен развој на целокупниот регион, рече Емилиа Ѓероска, директорка на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.
Како што беше речено првата седница беше од свечен карактер, и во наредниот период ќе се креира тригодишна програма за работа, која што всушност ќе биде авторско дело на интегрираната мрежа.
Реализирањето пак на програмските активности ќе придонесат во целокупниот развој на регионот.
Проектот за формирање на Интегрирана мрежа за регионален развој на Пелагонискиот регион се реализирана со финансиска поддршка од УНДП и Министерството за локална самоуправа.
Б.В.