Од утре Општината Битола со битолчани ќе комуницира само он – лајн и преку веб страницата.
Ова се нагласува во известувањето на Општината Битола упатено до битолската јавност.
Имено според известувањето на Општината причините за ваквата комуникација се согласно последните измени на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на државата.
Општината Битола ги извести граѓаните дека од утре, 08 април граѓаните, своите барања до Општината да ги испраќаат по електронски пат и преку платформата „Пријави проблем“ .
Инаку Општината Битола и сега работи со драстично намален капацитет и граѓаните немаат пристап до административните служби, туку сите свои барања можат да ги достававуваат само до пријавницата.