Во рамките на Интерфест–Битола во понеделник, на 02 јули, со почеток во 20.00 часот во салата на Завод Музеј Битола ќе се одржи концерт на КАЛИОПЕ ДУО од Германија. Дуото е формирано во 2002 со поетското име на музата на антиката „Калиопе”. Го сочинуваат реномираните уметници, виолинистот и диригент Арташес Стамболизијан и пијанистката Зара Стамболизијан кои студирале во Ереван, Ерменија, и потоа во Хановер, Германија. каде и денес живеат и делуваат. На нивниот репертоар се ремекдела на музичкото творештво од барок до модерна. Настапувале на познати фестивали во Германија, Австрија, Ерменија, Франција, Италија, Романија. Снимиле 2 компакт дискови на камерна музика. На концертот во Битола ќе се претстават со музика од Корели, Шуберт, Шуман, Брамс, Свендсен и Барток. Влезот е слободен.