Синоќа, на Ракометното игралиште во Битола, пред многубројни фанови, момците од “Нокаут” одржаа концертна промоција на нивниот најнов студиски албум “Три”.
Многу музика, емоции и позитивна енергија имаше на концертот на “Нокаут” на Ракометно.
Публиката уживаше во изведбите на нивните големи хитови „Лебедот бел”, „Запомни тоа е се што имаме”, „Знаеш каде да ме најдеш”, „Добро утро будење”, „Самовила”, „Леат дождови”, „Планета радио”, „Ла вита е белла”, „Шесто сетило”, „Африка” и многу други.
Пред концертот во Битола, момците од “Нокаут” настапуваа во Крива Паланка,а после концертот во Битола, ги очекуваат настапи во Кавадарци и во други градови низ Македонија.
Tagged with: концерт нокаут ракометно игралиште