На митингот во Скопје, претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски пред присутните, уште еднаш ја потврди заложбата на СДСМ за Европска Македонија и конечно пристапување во Европската Унија.
-Моето семејство е тука во Македонија. Јас не барам чаре во други држави, како што немам резервна татковина, како што за разлика од многу, немам имоти и сметки во странство. И затоа знам, затоа многу ми значи, затоа мора да се бориме, да продолжиме да ја менуваме Македонија, како европска држава- порача Ковачевски на митингот.
За тоа, има само еден начин, вели Ковачевски додавајќи дека Македонија мора да стане држава со европски стандард, европски вредности и да ги почитува европските правила на игра.
–Македонија има многу знаење, Македонија има многу голема сила е енергија дома! За таа цел, ја креиравме програмата за за европска иднина. Прецизна, јасна, реална, остварлива, креирана да ја крене таа енергија и македонско знаење! Ве уверувам, нема да се откажеме сѐ додека секој ред од неа не стане реалност-изјави Ковачевски.
Тој додаде дека со членството во ЕУ, помошта од земјите членки на ЕУ, САД и нашите сојузници во меѓународната политика, конечно ќе може да се искористи целосниот наш национален потенцијал, целото наше знаење и енергија.