Home / Вести / Максим Димитриевски од Битола: Време е за суштински промени

Максим Димитриевски од Битола: Време е за суштински промени

-Македонскиот народ постојано се соочува со големи проблеми, но, секогаш знаел да изнајде соодветно решение и секогаш да стави крај на тоа што го тишти. Македонскиот народ првпат гласаше „за“ на референдумот за самостојна и независна Република Македонија. Избравме елита која работеше и раководеше со оваа држава четири години, па уште четири и подоцна како по обичај граѓаните гласаа против и доведоа други коишто станаа уште полоши од тие претходните. Па по четири години ги вратија старите коишто станаа уште полоши и од претходните. И така во круг и континуитет 33 години, тамам ќе ги смениш едните, ќе дојдат дабетер другите. А граѓаните во кружен тек-ова го рече на митингот во Битола, кандидатот за претседател на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски.

 Тој пред битолчани истакна дека како кандидат за претседател на државата, којшто доаѓа од Куманово сака заедно со сите граѓани, да ја направи Македонија да биде максимална, затоа што како што нагласи друга држава немаме и да се подобрат условите за живеење во Македонија и граѓаните масовно да не се иселуваат во странство.

Притоа Димитриевски од говорницата му вети на еден битолчанец со кој се сретнал во едно кафуле на Широк Сокак дека ќе направи се, не само тој, туку и идните генерации да не се иселуваат од државата.

-Драг пријателе којшто те сретнав пред десетина минути во кафулето на Широк Сокак и ми вети нешто сакам од овде да ти порачам едно нешто. Дека никогаш повеќе ниту ти, ниту било која идна генерација нема да мора да бегаат од своето парче грутка земја. Затоа што ние мораме да бидеме свои на своето и да бидеме како сите останати граѓани од прв ред. Бидејќи устата им е полна за мултиетницизам и мултиетничко општество а всушност суштински ги гледаме како ДУИ ги врти околу прстот повеќе од 20 години и во континуитет и едните и другите. Време е народот да се крене, да се одважи, да стане и да каже доста е, време е за суштинска промена-порача од митингот на плоштадот „Магнолија“ во Битола, кандидатот за претседател на движењето ЗНАМ Максим Димитриевски.

Васка М.Младеновска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*