Home / Вести / Ковачевски се обрати на првиот академски час на Машинскиот факултет

Ковачевски се обрати на првиот академски час на Машинскиот факултет

Генералниот директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски денеска се обрати на првиот академски час на Машинскиот факултет во Скопје и ги поздрави бруцошите преку он лајн вклучување, согласно протоколите на факултетот за почетокот на оваа учебна година.

Ковачевски  на сите  бруцоши им посака  успех и добри резултати и потенцираше дека процесите во образованието, економијата и сите други сфери мора да продолжат и покрај ковид пандемијата.

-Благодарение на технологијата можеме да бидеме утрово сите заедно, да се видиме и да се слушнеме и да кажеме своја порака во насока на охрабрување на новите студенти на патот кој го избрале, рече Ковачевски, кој нагласи дека и самиот дипломирал на Tехничкиот факултет во Битола и го разбира интересот на бруцошите кои за првпат денеска влегуваат во образованието на Машинскиот факултет. Ме радува кога ќе видам млади луѓе кои навистина ги интересира материјата која ја проучуваат и кои покажуваат успех кој треба да се награди. Државниот производител на електрична енергија-ЕСМ е во тесна соработка со машинскиот факултет и со уште неколку други факултети во земјава. Нам ни се потребни експертските знаења на професорите за различни проекти во нашиот производен процес. Исто така, преку стипендирање со 30 стипендии годишно на 4 универзитети вложуваме во нови кадри кои се надеваме дека еден ден ќе најдат своја професионална исполнетост токму во ЕСМ. За студентите оезбедуваме и поддршка при обезбедување практична настава во сите наши подружници односно електрани ширум земјата”-рече Ковачевски.

АД ЕСМ има традиција на помагање во повеќе општествени области, а образованието е една од областите кои компанијата ги поддржува со повеќе проекти.

М.М

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*