Don't Miss
Home / Uncategorized / Кривична пријава за Дејан Бошковски, генералниот директор на ЕЛЕМ

Кривична пријава за Дејан Бошковски, генералниот директор на ЕЛЕМ

 Битолската полиција поднесе кривична пријава против Д.Б. (44) од Скопје и С.П. (45) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Според полицијата во периодот од јануари 2014 година до октомври 2015 година, Д.Б. во својство на генерален директор на АД „ЕЛЕМ“-Скопје писмено ја овластил С.П., како внатрешен ревизор за економски работи во службата за внатрешна ревизија при АД „ЕЛЕМ“ Скопје, да врши работи за време на неработни денови или во празници.

С.П. не изготвувала ревизорски извештаи за извршени работни задачи, кои согласно договорот била должна да ги изготви и достави до дирекцијата на АД „ЕЛЕМ“ Скопје. И покрај тоа, Д.Б. за наведениот период одобрил исплата на надоместоци за плата, за ноќна работа и работа во државен празник, со што и овозможил на С.П. да се стекне со противправна имотна корист во износ од 140.226 денари, на штета на АД „ЕЛЕМ“ Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*