Против седум млади лица од Битола, со иницијали Б.С.(29), П.И.(22), К.А.(23), А.Р.(29), П.Д.(26), Н.Г.(28) и А.Ј.(22), полицијата поднесе кривична пријава поради седум кривични дела “тешка кражба“.
Од 23 ноември до 4 април годинава, на подрачјето на Битола, во седум колонијални продавници, лицата со употреба на физичка сила украле различни видови на предмети, со што предизвикале материјална штета од 653.807 денари.