.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Градска хроника / Крупни градежни интервенции во село Крклино

Крупни градежни интервенции во село Крклино

Крупни градежни зафати се изведуваат во битолското село Крклино. Градежните екипи работат на изградба на нов мост и нов пат што ќе ги поврзе селата Горно Оризари со Крклино.

Напоредно, ќе се реконструираат и двата моста и ќе се направи трет мост на кој денеска започнаа изведбените работи.

krkilo 7  krkilo 5

-Овие две места иако спаѓаат во делот на рурални населби, тие се во предградието на Битола, оттука цениме дека ќе се развиваат и патот се прави на барање на луѓето од Крклино и Горно Оризари. По барање на мештаните ќе се гради и игралиште. Проектот е крупен и ќе се изведува во две фази. Реконструкцијата на мостовите и  околу еден и половина километар од патната инфраструктура се во вредност од 21 милиони денари. Останатиот дел ќе се прави во втора фаза и не е толку обемен бидејќи главните интервенции се во реконструкцијата на мостовите и изградбата на новиот мост- истакна градоначалникот на Битола, д-р. Владимир Талески.

krkilo 6   krkilo 3

Сите градежни зафати ќе ги прави градежната компанија “Гранит“.
-Моментно се работи на реконструкција на земјениот пат во должина од километар и половина во прва фаза. Моментно се гради армиран мост, ќе се реконструираат уште два други моста во вредност од девет милиони денари од вкупно 21 милион денари. Парарелно ќе се работи на реконструкција на коловозот со поставување на нов асфалт- информираше Тони Стојчевски, координатор на проектот.

Градоначалникот на Битола, д-р. Владимир Талески потсети на крупните инфраструктурни проекти во Касарната и посочи дека подеднакво внимание Општината Битола посветува на проектите во урбаниот, но и во руралниот дел.

На Зоран Талевски од село Крклино многу му значи поврзувањето на ова село со Долно Оризари, бидејќи во голем дел ќе им помогне на фирмите, а жителите ќе добијат градски превоз.

Градежните интервенции во Крклино се дел од проектот финансиран од Владата на Република Македонија преку програмата од Светска банка. Таа програма во себе содржи проекти во вредност од над еден милион и 250 илјади евра.

Поголемиот дел е завршен во Поешево, Долно Оризари, Трн, Граешница Црнобуки направени се тие патишта со средтсва од Владата на Македонија, а во другиот дел од проектот се опфатени селата Барешани, Буковска населба, Буково, Лавци и Брусник.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*