Don't Miss
Home / Uncategorized / Крупните инфраструктурни проекти продолжуваат и во Новата 2015 година

Крупните инфраструктурни проекти продолжуваат и во Новата 2015 година

На неколку дена пред дочекот на Новата 2015 година, градоначалникот на Битола, д-р Владимир Талески во својот кабинет го одржа својот традиционален (пред)новогодишен прес.

На прес- конференцијата Талески ги запозна битолските новинари со реализираните проекти во 2014 година, во сите области,  како и плановите за идната 2015 година.

Сепак, тој посебен акцент на предновогодишниот прес му даде на реализираните крупни инфраструктурни проекти во областа на инфраструктурното уредување на битолската касарна, каде во моментот се градат неколку крупни објекти, како од станбената изградба, изградбата на индивидуални станбени објекти и трговски центри.

2

-Битолската касарна за Битола во моментот е најголем проект. Во станбениот дел, индивидуалните градби, или трговските центри се започнати голем број градби. Некои се во финална фаза, а некои на самиот почеток. Ние како општина со сите нив имаме потпишано специјални, посебни договори, кои се направени пред почетокот на градбата, а тоа не обврзува да завршиме дел од тоа што е наша обврска во областа на инфраструктурното уредување. За таа намена имаме направено три детални урбанистички планови кои треба да се исполнат со инфраструктура, за потребните многу предвидени објекти, кои се изградени и кои ќе се градат во наредниот период. Во таа смисла Битола многу инвестира и затоа бараме поддршка од Советот за одобрување на една одлука со која сакаме со Министерството за финансии да ја реализираме, Битола да земе кредит со кое задолжување ќе можеме многу побрзо инфраструктурата да ја средиме и инвеститорите побрзо да ги завршат своите градби. Јас еднаш реков и сега ќе повторам дека Касарната ќе биде големо градилиште и во наредната година- исткна  градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Талески подоцна се задржа на вложувањата во индустриската зона “Жабени“.
-Индустриската зона “Жабени”, која инфраструктурано мораме да ја засилиме бидејќи имаме нови инвеститори. Иако времето е тешко и за тие кои инвестираат и кои чекаат да инвестираат, сепак и натаму има голем интерес за купување парцели во Зоната. Пред два месеци имавме продажба на неколку парцели. Имено голема турска компанија купи три парцели. Сакаат забрзано да влезат да градат напролет, нагласи Талески.

3

На пресот градоначалникот Талески информира дека дел од инвеститорите кои зедоа парцели нема да ги направат фабриките.

-Двајца или тројца веќе ги вратија парцелите. Но, има нови инвеститори кои се интересираат за купување парцели. Тоа е жива материја и диктира како ќе се движи животот, а многу работи зависат од бизнис релациите, потенцираше Талески.

Паралелно со вложувањата во Касрната и индустрсиката зона “Жабени” Талески се задржа на изградбата на Домот за стари лица “Сју Рајдер” кој е целосно реконструиран и реновиран.

-Со изградбата на Домот добивме прекрасно место за сите живеење на возрасните граѓани. Таму грижата е копмлетна сите 24 часа и тој е направен по европски стандарди. Ценам дека овој дом е еден од најдобрите и најубави домови во Македонија. Условите се направени и реализирани по европски стандарди и тоа е на големо задоволство на тие што ги користат услугите на Старскиот дом. Пресоналот е на високо ниво. Најклучната работа за оваа генерација луѓе беше да се обезбеди објектот со максималните услови за живот по европски стандарди., истакна Талески, кој притоа не пропушти прилика дапотенцира дека Домот е изграден со средства на ЕУ.

Во своето излагање градоначалникот на Битола, Владимир  Талески се задржа на вложувањата во Зоолошката градина во Битола, која деновиве свечено беше пуштена во употреба.

-Зоолошката градина ја реконструиравме со поддршка на Центарот на Пелагонискиот плански регион. Изградени се неколку нови живеалишта по европски стандарди, се разбира има уште работа. Но да не заборавиме дека пред неколку години сакаа да ја затворат зоолошката градина. Водевме навистина вистински борби да ја задржиме. Новите живеалишта се по европски стандарди. Немаме завршено се, но условот за да ја зачуваме градината и таа да остани во Битола е и останатите живеалишта да ги средиме. Треба да се направи проект за средување на патеките и пристапните патеки, а ќе изградиме и паркови површини.

Талески се задржа за изградбата на мостот на Црн Мост.

-Тој е мошне интересен проект. Стариот мост го направиме пешачка патека, а направивме за сите луѓе еден прекрасен мост и кружен тек. Со овој проект сите приклучоци мораа да се прилагодат на висинските разлики, нагласи Талески.

4

-Со неговата изградба сега немаме гужва, сообраќајот тече нормално. Со изградбата на неколкуте кружни текови покрај тоа што се подобри сообраќајот се доби многу и на еколошки и безбедносен план, истакна Талески.

Подоцна првиот човек на градот се задржа на вложувањата во изградбата на укиците во градот и инфраструктурата.

-Ние не вложувме само во Касарната или “Жабени“. Напротив многу вложивме и во изградбата на водоводната мрежа, канализацијата, асфалтирањето на улиците во градот. Благодарение на помошта на Владата, со средства од светска и европска банка изградени се локалните патишта во Буково, Орехово, Канино, Драгош, Лавци Крстор. Ова се посебни патишта кои не ги броиме во тие 100 улици кои ги ветивме дека ќе ги изградиме.Тие се плус од таа бројка.

Подоцна тој се задржа на изградбата и реконструкцијата на голем број улици во градот.

-Секаде каде подземната инфраструктура ја менуваме ние тие улици ги асфалтираме. Такви интервенции имавме на улиците: “Вардарска“, “Работничка“, “Пецо Божиновски“, “Урбан блок 18“.

Талески зборуваше за вложувањата во обновата на возниот парк на ЈП “Нискоградба” изградбата на нови зелени површини, детски катчиња, како во руралните така и во урбаните делови на градот.

-Во 2014 година без петте краци на улицата “Мукос“, имаме изградено вкупно 19 улици. Се движиме во просек на изградба на околу 25 улици да градиме годишно. Следната  година ќе изградиме нови 25 улици.

Градоначалникот  ги потенцира вложувањата во изградбата на две нови училишта во Кукуречани и Карамани, како и смената на дограмите во училиштата на “Коле Канински“, “Таки Даскало“, “Ѓорги Сугарев“, изградбата на првата детска градинка во Долно Оризари.

Во своето обраќање до медиумите Талески се задржа на вложувањата во спортот.

-Вие сите добро знаете какви проблеми имавме со ФК Пелистер. Напрвивме постапка и денес ФК Пелистер е акционерско друштво, во кое главен акционер е “Цермат” со 70 отсто свои акции. Ние имаме обврска во првите 4 години да исплаќаме по 8 милиони денари годишно. По Нова година ќе имаме поголеми промени. Оваа година наша цел е Пелистер да се задржи во средината на табелата, а од наесен да типуваме на првите две до три места. Кога станува збор за спортотво Битола како со ФК Пелистер бараме слично решение и за ракометниот клуб Пелистер.

Талески зборуваше за изградбата на фудбалскиот стадион за 12.000 гледачи.

-За таа цел изработен е главен проект за фудбалскиот стадион под Тумбекафе. Проектот е во завршна фаза. Има дополнување на законските услови да се постави гасификација. Стадионот ќе биде изграден по сите стандарди што ги бара ФИФА и УЕФА. Тој ќе биде модерен стадион, кој целосно ќе биде климатизиран, со посебни простории за вип гостите. Сега останува да се договориме со инвеститорите како да го реализираме овој проект. Наша цел е тој да биде изграден комплетно, но доколку не најдеме таков инвеститор ќе се гради во фази со други изведувачи. Кога станува збор за вложувањата на стадионот под “Тумбекафе”.

Талески ги нагласи вложувањата од 800.000 евра на теренот средства кои ги доделува ФФМ, како и вложувањата во електрификација на стадионот со што ќе се овозможи играње на вечерни натпевари.

Талески се задржа на формирањето на спортска паралелка за фудбал во средното училиште “ Кузман Шапкарев” како и изградбата на игралиштето кое го промовираме во ОУ “Даме Груев”. Тој се задржа на надминувањето нанедоразбирањата со Здружението “За нас се работи” како и неодамнешното потпишување на Меморандумот за соработка, вложувањата во областа на топлификацијата од РЕК “Битола“, проектот кој општината го прави со грчките општини Кожани и Аминдео “Био фос”, ко општината го доби во текот на оваа година, акциите за отстранување на дивите депонии, одржувањето на бројните културни манифестации: “Бит фест” “Интерфест”, “Браќа Манаки“, “Малиот битолски Момнмартр”, Денот на Европа, “Св Нектариј”, “4 Ноември”, отворањето на почесниот конзулат на Босна и Херцеговина, Австрија како и збратимувањето со градот Нингбо од Кина.

Талески соработка со Советот на општината ја оцени како мошне добра и благодарение на таквата добра соработка во 2014 година донесени се 270 одлуки на Советот.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*