Don't Miss
Home / Вести / Кучињата касаат, општината Битола плаќа

Кучињата касаат, општината Битола плаќа

               

        Бездомните кучиња скитници, за кои претхдната локална самоуправа, предводена од екс градоначалничката Наташа Петровска, покажуваше голема (не)грижа и забрани да се “вдомуваат“ од страна на Шинтерската служба на ЈП “ Комуналец “ му дојде доак на Општината Битола.

        Само минатата година по основ на тужби од граѓани каснати од кучиња скитници, општинскиот буџет беше олеснат за над 18.000 евра, или над 1.100.000 денари.

        Ова го соопшти градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Инаку Битола е  буквално “сардисана“ од кучиња скитници.

        Ги има буквално  од сите раси и во целиот град, но најголемиот број се “сместени “ во Новиот градски Пазар, Широк Сокак, Епинал, Офицерски дом, Шеталиштето, Ат Пазар, Градскиот часовник…

        Иако љубителите на животните и од локалната самоуправа  уверуваа(т) дека тие се мирни и  безопасни, бидејки  биле стерилизирани, сепак тие во минатата година каснале голем број битолчани, кои одлучиле да ја тужат општината и за повредите и претпениот страв да си наплатат 18.000 евра од општинската каса, средства со кои донекаде ги “ залечиле “ своите рани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*