Aктерката и продуцентка Лабина Митевска, годинава нема да го продолжи својот четврт по ред мандат како директор на Фестивалот на кинематографите во Битола. Лабина, која во моментов се наоѓа надвор од Македонија, не конкурираше за директор во предвидениот 12 дневен рок.
Во краток коментар за весникот „Дневник“, Митевска рече дека сака да се посвети на актерската и продуцентската кариера.
Шестгодишното залагање на Митевска резултираше со се поголемо созревање на фестивалот „Браќа Манаки“ од година во година и издигнување на една достојна престижност.
Агенцијата за филм, од оваа година е задолжена за финансирање на фестивалот, но тоа не предвидува и зголемен буџет на располагање.
Новиот директор се очекува својата програма да ја достави во апликативна форма до Агенцијата за филм, најдоцна до 26 февруари.