Don't Miss
Home / Македонија / Лајчак: Извршителите на нападите во Куманово пред лицето на правдата

Лајчак: Извршителите на нападите во Куманово пред лицето на правдата

Министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак, побара брза истрага и доведување на извршителите на терористичкито напад во Куманово пред лицето на правдата. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Лајчак на социјлната мрежа Твитер, објави загриженост за настаните во Македонија, порачувајќи дека такви напади се неприфатливи за Европската унија.

– Нападите во Куманово или на кое било друго место во оваа мултиетничка држава се неприфатливи! Се очекува брза истрага и доведување на извршителите пред лицето на правдата, потенцира Лајчак.

Република Словачка е членка на ЕУ од 2004 година и оваа земја важи за безусловен поддржувач на Македонија во аспирациите за нејзина евро-атлантска интеграција.

 

 

 

Извор: Нова Македонија

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*