Don't Miss
Home / Градска хроника / Лајонс- клуб Битола ја промовираше аудио- книгата “Вечноста на Битола“

Лајонс- клуб Битола ја промовираше аудио- книгата “Вечноста на Битола“

Денеска, Лајонс клуб- Битола ја промовираше   аудио- книгата “Вечноста на Битола“ во рамки на одбележувањето на 9 октомври, лајон- светски ден на видот. Првата аудио- книга е снимена на македонски и англиски јазик.

Во книгата се сметени теми од делото “Вечноста на Битола“, чиј автор е Аница Георгиевска, археолог по професија.

-Насекаде во светот, денеска лајонс клубовите на свој начин го одбележуваат овој ден. Се вели дека лајонсите се борци против темнината, секојдневно им помагаме секој колку што може преку нашето лавовско срце- рече доц. д-р  Марјан Танушевски, претседател на Лајонс клуб- Битола.

lajons 5

-Моето дело “Вечноста на Битола“ ја содржи целокупната историја на Битола. Делови од книгата се спакувани во аудио запис , книгата ја содржи целокупната историја на градот Битола и тоа од праисторија, до ден денешен. Ова е аманет за идните поколенија, приказна за Битола кој е единствен, вечен и величествен град- истакна авторката на книгата, Аница Георгиевска инаку археолог по вокација.
Инаку овој аудио запис е изработен и во англиска верзија.

lajons 2

Првиот примерок му беше доделен на претседателот на Здружението на слепи лица од Битола, Стевче Костадиновски кој истакна дека слепиот човек не може да виде, но може да слушне.

Аудио книгата е во 70 примероци, и има симболика, кога Битола ќе одбележи 70 години од ослободувањето.

Б.В.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*