Во Клиничката болница во Битола се случи нов скандал. Според јавувања на нашите читатели, лекарка во Болницата одбила да прегледа пациент наводно затоа што не била обучена да прегледува со магнетната резонанца.
Иако, пациентот имал навреме платено за прегледот, кога дошол во закажаниот термин, лекарката која се затекнала на смена, одбила да го прегледа пациентот со образложение дека не била обучена да прегледува со таков апарат. Пациентот ја пријавил лекарката и против неа ќе се поведе дисциплинска постапка.
Б.В.