Home / Градска хроника / Логоварди ќе добие повеќенаменско игралиште

Логоварди ќе добие повеќенаменско игралиште

Градежната сезона започна, а активностите во општина Битола се во полн ек.

Согласно предвидената програма на општина Битола, градежни активности се реализираат и во урбаниот и во руралниот дел.

Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески  денеска го посети битолското  село Логоварди каде во тек е изградба на повеќенаменско игралиште.

-Пред извесно време тука направивме асфалтирање на улиците до 1 км. Се разбира дека треба да завршиме и со некои други интервенции, но голема желба и интерес на мештаните беше да имаат едно повеќенаменско игралиште. Се работи за игралиште кое што ќе биде за мал фудбал, ракомет и одбојка. Очекуваме најдоцна за 60 дена активностите да бидат завршени. Вредноста на ова игралиште е еден милион и шестотини илјади денари- изјави градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.

За руралниот дел, во завршна фаза е изборот на надзор за средување на каналската мрежа во Логоварди, Поешево и Егри.

Откако документацијата ќе биде комплетирана ќе започнат активностите и на овие места.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*