Home / Македонија / Населбата Козле во Општина Карпош доби шест нови паркинзи

Населбата Козле во Општина Карпош доби шест нови паркинзи

Населбата Козле во Општина Карпош деновиве ќе добие уште шест целосно реконструирани и нови паркинг простори за своите жители.

По тој повод, градоначалникот на Општината Стевчо Јакимовски,  даде изјава за средствата за информирање од самото место каде што се изведуваат работите на новите паркиралишта:

-На територијата на урбаната заедница „Кузман Јосифовски Питу” досега ги имаме реконструирано сите улици, сите рабници, сите тротоари, реконструрано е и уличното осветлување. Останува само да се доизгради еднауличка од стотина метри, крак од улицата Јуриј Гагарин, и во исто време, на барање на граѓаните кои живеат на улиците Миле Поп Јорданов и Јуриј Гагарин, вршиме забрзана  реконструкција на паркинг просторот пред нивните згради. Тоа се места за возилата кои навистина беа оштетени и кои се стари веќе 40 години.

kozle 2

Оваа реконструкција, рече Јакимовски, ја правиме со средства  од буџетот на Општина Карпош. Станува збор за шест паркинг простори, од коишто, пет ги прави фирмата „Ескаватори”, а едниот го прави фирмата „Ексико”.  Веќе  го имаме изгребано асфалтот на два паркинзи, а потоа таа површина ќе биде обновена со нов асфалт во дебелина од 5 сантиметри. На самото место паркинг местата ќе бидат и видно обележени.  Инвестицијата, локалната власт  ја  чини околу 4,5 милиони денари.  Со неа овој дел од Општината Карпош ќе биде целосно изграден, бидејќи во тој контекст ќе бидат реконструирани и сите шест фасади на зградите, што значи дека на булеварот Теодосиј Гологанов целиот изглед ќе биде видоизменет и подобрен, изјави градоначалникот на Карпош.

Практично, со ваквата инфраструктурна офанзива, освен  четирите кули наспорти ТЦ „Веро” чии фасади се обновиваат и дополнително овие шест маркантни кули градени во 70-тите години, заедно со  паркинзите, шетачките патеки, ги задоволуваат сите потреби и досегашни барања на жителите од овој дел на локалната самоуправа.

Досега, општина Карпош има изградено преку 2.500 паркинг места, што е драстично подобрување на можноста за паркирање на своите граѓани.

Само во Карпош 4 , изјави во оваа пригода општинскиот татко, изградени се преку 850 нови паркинг места, а околу 300 нови паркинзи воКарпош. Притоа, најмногу се инвестираше во паркиралишта онаму каде што имаме колективно домување, на тој начин што сме го искористиле секој слободен простор за зголемување на бројот на паркинг места. Тоа е огромен квалитет во секојдневното живеење на карпошани, бидејќи тие не плаќаат за паркирање. Само ако се упатите низ централното градско подрачје, во  строгиот центар, или лево или десно пошироко во центарот, ќе забележите дека преку 400 дуќани не работат, што исклучиво се должи на воведување на платеното паркирање. Тоа укажува на фактот дека бизнисот на малопродажбата, на трговијата, на дуќанџиите во овој дел запре како резултат на воведувањето зонско, односно, платено паркирање.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*