Don't Miss
Home / Uncategorized / Македонија Елдорадо за странските инвестиции

Македонија Елдорадо за странските инвестиции

Странските инвеститори во Македонија различно се офајдувале од бизнис условите што ги договарале со претходната Влада. Даночни и царински ослободувања, бесплатна инфраструктура, пари за градба на објекти, обуки на вработени, субвенционирање на плати, ослободување од придонеси. Списокот со државни поволности кои ги добивале странските инвеститори е поприлично долг. Стартно достапен за сите, но во обем и динамика со различна содржина , или согласно договорите кои неретко се склопувале и во четири очи. Новата Влада деновиве објави дека ќе ги декласифицира па ќе ги објави сите договори со странските инвеститори. Јавноста ќе дознае која компанија колку пари добила од државата, но и кои од странските инвеститори директно во четири очи договарал специјални услови за својот бизнис во земјата:

„Во тек е анализа, од која ќе произлезе резултат за кумулативната сума која што  била доделена во форма на директна финансиска помош на странските инвестиции. Кога ќе биде завршена анализата, податоците ќе бидат јавно објавени. Од досега утврденото е детектирано дека дискреционо се одредувани сумите, односно различни правила се применети за  различни компании.  Државната помош што била доделувана изнесувала од 10% до  49.9% од вредноста на инвестицијата“, велат  од Владата.

Договори со статус: деловна тајна

Податоците за висината на државната помош и поддршката низ годините која ја добиваат странките инвеститори во Македонија беше најстрого чувана тајна. Поранешната власт постојано се правдаше дека голем дел од договорите се со статус на деловна тајна. Во отсуство на официјални, се објавуваа неофицијални податоци кои беа анализирани и собирани главно од невладиниот сектор. Како последна и најдетална беше анализата на Институтот за општествени и хуманистички науки. Во оваа студија која беше објавена на почетокот на годинава се забележува дека за десет години поранешната Влада потрошила 160 милиони евра за привлекување на странските директни инвестиции. „Директните трошоци од владините политики за поддршка на странски и инвестиции изнесуваат околу 160 милиони евра и се доста повисоки од директните повратни ефекти на овие политики. Односно, платите на работниците што работат во овие фабрики во вкупен износ од 92 милиони евра“, пишува во студијата која ја изработи економистот Бранимир Јовановиќ.

Дел од упатените сепак предупредуваат дека конечната сума веројатно е повисока од оваа анализа која е темелена врз јавно објавените податоци во буџетите и интернет страниците на надлежните институции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*