.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Градска хроника / Македонска традиционална трпеза во Општина Новаци

Македонска традиционална трпеза во Општина Новаци

Општина Новаци беше дел од манифестацијата „Македонска традиционална трпеза” во Организација на жени од Битола и организаторите на емисијата  “Вкусот на традицијата“.

Целта и идејата на оваа манифестација е да се промовира македонската кујна но воедно и да  се оддаде почит и признание на македонската жена која ги преточува обичаите во најубавите трпези со историски прикази и посветеност.

Општина Новаци секогаш дава поддршка на настани каде се вреднуваат македонските традиции

Општина Новаци секогаш дава поддршка на настани каде се вреднуваат македонските традиции

-Секогаш кога се вреднуваат македонските обичаи, традиции и македонските јадења општина Новаци со драго срце прифаќа да учествува и да биде спонзор. Таква беше и оваа манифестација која беше навистина посетена и имаше што да се види. Само со вакви настани ќе можеме да го продолжиме она што ние аманет од нашите претци и да им го пренесеме на нашите идни поколенија-  изјави градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

По свеченото отворање беа изложени сите прекрасни македонски јадења и трпези за посетителите а потоа следуваше и доделување на награди и признанија за најдобрите и најупешните учесници на оваа манифестација.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*