Ансамблот на Мал драмски театар – Битола од Македонија синоќа на сцената на Камерниот театар во Сараево ја изведе претставата „Столови“ на затворањето на натпреварувачката програма на Фестивалот „Јурисав Корениќ“ посветен на основачот на тој театар.
Режисер на претставата е Љупчо Георгиевски, додека улогите ги толкуваат Јоана Поповска и Анастас Поп Димитров.
Станува збор за театар на апсурдот работен по текст на Еуген Јонеску, кој ја донесува трагичната фарса создадена како пример на метафизичкото во театарот.
Темата која на сцената ја изнесуваат двајцата актери е смислата на животот прикажана преку говор, движење и игра, со емоции на двајца старци.