.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Градска хроника / Годишнина од загинувањето на тројцата бранители кај Гајре,Шипковица

Годишнина од загинувањето на тројцата бранители кај Гајре,Шипковица

Делегација на општина Новаци и ФК Новаци , положија цвеќе на споменикот „Паднатиот анѓел” во Битола и споменикот кај Касарната „Стив Наумов”, по повод 15. годишнината од загинувањето на тројцата бранители кои животот го загубија кај Гајре, Шипковица во конфликтот во 2001 година, меѓу кои и Пеце Матичевски  родум е од Новаци.

13346675_1313474252013689_6548395924676326441_n

-Утре се навршуваат  15 години од загинувањето на бранителите во конфликтот  во 2001 година, кога згаснаа младите животи на Пеце Матичевски,Влатко Миленковски и Благојче Силјановски. По тој повод на споменикот “Ангел“  во паркот кај Саат кулата и во касарната Стив Наумов делегација на општина Новаци и фудбалскиот клуб Новаци положивме цвеќе- изјави  Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Во чест на бранителите Влатко, Благојче и Пеце ,подрачното министерство за одбрана и организацијата на резервни офицери на Република Македонија  секоја година организира бројни манифестации во знак на сеќавање и почит на жртвите  меѓу кои и   меморијалниот турнир во фудбал на кој со своја екипа учествува и општина Новаци.

Организатор на целиот настан е Министерството за одбрана – одделението за одбрана Битола. На меморијалниот турнир ќе биде доделен преоден пехар и пехар во трајна сопственост.

-Оваа година односно утре на 04 јуни 2016 година со почеток во 18 часот во спортската сала во Новаци ќе поставиме спомен плоча и ќе го именуваме овој спротски објект во чест на нашиот сожител Пеце Матичевски кој животот го даде бранејќи ја татковината. Сметаме дека ова е еден вид почит со цел да не заборавиме никогаш и  да се сетиме на животот и делото на овие бранители кои загинаа за ние денес да живееме слободно .Општина Новаци секоја година го одбележува овој тажен јубилеј, а од пред неколку години организираме и меморијален турнир во мал фудбал трет по ред кој го носи името на херојот Пеце Матичевски. Овој турнир ќе продолжи да се организира и понатаму во чест на делото и животот на овој наш сограѓанин- додава  Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Пред три години на гробишата во Новаци,  Организацијата на резервни офицери на Република Македонија  постави јарбол со знамето на РМ по повод годишнината од  загинувањето на Пеце Матичевски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*