Со Марјан Секуловски како нов шеф на стручниот штаб Пелистер денес ги почна подготовките за вториот дел на шампионатот.
„Започнавме во Битола, каде ќе имаме по еден тренинг дневно до сабота, а в недела ќе биде првиот слободен ден. Од понеделник ќе го засилиме темпо. Остануваме во Битола до 29 јануари, а потоа ќе работиме надвор од Битола. Договоривме три контролни средби до 14 февруари, кога го играме првиот пролетен натпревар против екипата на Победа“, изјави Секуловски.