Don't Miss
Home / Свет / Повеќе од милион луѓе се на маршот на солидарноста во Париз

Повеќе од милион луѓе се на маршот на солидарноста во Париз

Повеќе од милион луѓе поддржани од над 40 светски лидери ќе излезат денес на улиците на Франција на „Марш на солидарноста“ за да го искажат својот револт против терористичките напади што деновиве ја потресија земјата, а во кој беа убиени 17 лица.

Францускиот премиер, Мануел Валс, изјави вчера дека не се сомнева дека ќе се соберат повеќе од милион граѓани за да ја искажат својата љубов кон слободата и братството, пренесува агенцијата „АФП“.

Повеќе од 5.500 полициски службеници и војници се задолжени да се грижат за безбедноста во Париз за време на Маршот на солидарноста, соопшти министерот за внатрешни работи на Франција, Бернар Казнев.

„Во оваа исклучителна ситуација, ќе бидат преземени посебни мерки со цел да се осигура безбедноста на марчот како и почитувањето на јавниот ред“, истакнал Казнев пред новинарите.

1503242_10152541316262217_6908023941178807043_n

Околу 2.200 лица ќе бидат распоредени само да ја обезбедуваат рутата на маршот, кој предвидено е да тргне од историскиот Плоштад на републиката до Плоштадот на нацијат во центарот на француската престолнина.

Дополнително, ќе бидат распоредени 2.000 полицајци и 1.350 војници околу градот, особено пред медиумските куќи, верските објекти, јавните згради и дипломатските претставништва, истакнал министерот.

„Снајперисти од елитниот одред ќе бидат стационирани на покривите на зградите по должината на рутата на маршот“, додал Казнев.

Парискиот јавен сообраќај, вклучувајќи го и метрото, ќе биде посебно „надгледуван“, се вели во изјавата на Казнев.

На повикот на францускиот претседател Франсоа Оланд, за учество на големата антитерористичка протестна прошетка се огласија највисоките функционери на Европската унија како и лидерите на европските земји.

На маршот на солидарноста ќе присуствува и германската канцеларка Ангела Меркел и премиерот на Шпанија, Британија, Турција и Италија, а шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ќе ја предводи делегацијата на Русија.

Поддршка  за Франција ќе искажат и израелскиот премиер Бенјамин Нетањаху и палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*