Don't Miss
Home / Uncategorized / Медицинска сестра за своите “услуги“ позајмувала пари

Медицинска сестра за своите “услуги“ позајмувала пари

Секторот за внатрешни работи во Битола поднесе кривична пријава против 50 -годишната В.Д од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Пријавената, како медицинска сестра и поранешна сосетка, правела преврски на рана на И.К. На тој начин стекнала доверба кај нејзниот син и како противуслуга од него, во повеќе наврати побарала пари на заем.

Во периодот од 08.07.2015 до 12.07.2017 година, К.К. и дал евра, денари и австралиски долари во вкупна вредност од 209.100 денари, за кои пријавената постојано ветувала дека ќе ги врати, но до пријавување на случајот тоа не го сторила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*