Don't Miss
Home / Спорт / Меѓународен боксерски турнир “Јордан Мијалков“

Меѓународен боксерски турнир “Јордан Мијалков“

Во Штип, во салата “Јордан Мијалков“ се одржа вториот по ред боксерски меѓународен турнир “Јордан Мијалков“, кој имаше ревијален карактер.

На овој турнир учество зедоа тројца битолчани, од два клуба, Пелистер и Арена Битола.

-Александар Димовски – Димса од Пелистер победи на поени во категорија +91 колограм, а неговиот клупски колега во кадетска категорија, Рамо Казимов во категоријата -63 килограми исто така забележа победа.

На овој турнир во Штип своја промоција имаше и новоформираниот боксерски клуб Арена БТ, со тренер, Тони Бошевски, чиј боксер Дејан Ристевски во категорија -75 килограми забележа убедлива победа со нокаут само по 15 секунди од борбата.

Во Битола деновиве се формира уште еден боксерски клуб со име Битола, а во него тренер ќе биде Живко Божиновски.

 

С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*