Don't Miss
Home / Вести / Меморандум за соработка помеѓу НУУБ „Св. Климент Охридски“ -Битола и Здружението на писатели „Вербумландиарт“ од Италија

Меморандум за соработка помеѓу НУУБ „Св. Климент Охридски“ -Битола и Здружението на писатели „Вербумландиарт“ од Италија

Значајна посета на организацијата „Вербумландиарт“ со седиште во Галатоне (провинција Лече, Италија), промовирана и координирана од Реџина Реста -претседател на здружението и позната италијанска поетеса, добитничка на медал на поезијата во Рим, во придружба на:
Грофицата Мирјана Добрила-писател и преведувач;
Гофредо Палмерини-новинар и поранешен претседател на Општина Аквила;
Марија Пиа Туриело -криминолог, член на Парламентарната комисија за малолетници;
Мирела Кристина -адвокат, публицист и сенатор, член на Комисијата за правда и Зорица Митиќ – писател и актерка.

На оваа свечена средба се потпиша Меморандум за соработка помеѓу НУУБ „Св. Климент Охридски“ -Битола и Здружението на писатели „Вербумландиарт“ од страна на м-р Емилија Стефановска Давкова- директор на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и Реџина Реста – претседател на „Вербумландиарт“, којашто исто така ѝ врачи благодарница на директорката за голем придонес во културата и пријателството помеѓу Италија и Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*