Home / Вести / Мијалков останува во Шутка

Мијалков останува во Шутка

Апелацискиот суд во Скопје го потврди решението на Кривичен за одбивање на гаранцијата на поренешниот директорот на УБК, Сашо Мијалков, со што тој останува во притвор во Затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

Од Апелација за МИА, потврија дека денеска е одлучувано по жалбата, дека е потврдено решението и Сашо Мијалков останува во притвор.

Кривичниот совет во Основниот кривичен суд во Скопје на 20 мај, донесе решение, со кое ја одби понудената гаранција од околу 10,8 милиони евра за Мијалков да се брани од слобода, на што тој вложи жалба пред Апелација.

Сашо Мијалков се наоѓа на издржување мерка притвор за предметот „Трезор“, каде е неправосилно осуден на 8 години затвор. Тој е неправосилно осуден и на 12 години затвор за случајот „Таргет-Тврдина“, додека на 17 јуни треба да ја слушне и пресудата за случајот „Тортура“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*