Don't Miss
Home / Вести / Миа е првото бебе што се роди во Клиничката болница во Битола во Новата 2025 година

Миа е првото бебе што се роди во Клиничката болница во Битола во Новата 2025 година

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес ги посети првите новороденчиња родени во 2025 година во Клиничката болница во Битола.

Во Битолската болница првороденото бебе во Новата 2025 година е женско:
Имавме три раѓања. Првото беше 50 минути по полноќ, спонатно породена, прворотка, мајка на 25 години, донесе на свет здрава ќерка која што ќе се вика Миа. Тешка 3 кг и 120 грама и долга 50 см. Тоа ни беше првото женско новороденче, што значи дека годината ќе биде бериќетна и ќе има уште многу раѓања.

Второто раѓање беше со царски рез, како и третото. Пациентките и новороденчињата се добри, мајките се среќни, а исто и ние што работевме на новогодишната ноќ-изјави д-р Елизабета Чипуровска од одделението за гинекологија и акушерство, апелирајќи до младите да формираат семејства, да ни останат тука и нивните семејства да се множат, бидејќи детскиот џагор е најдоброто нешто што може да се случи на секое семејство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*