Don't Miss
Home / Политика / Милошоски: За набавка на медицински апарати предвидени се 33 милиони евра

Милошоски: За набавка на медицински апарати предвидени се 33 милиони евра

Во програмата на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО­-ДПМНЕ предвидени се вкупно 33 милиони евра за набавка на најсовремени медицински апарати и опрема за здравствените установи низ Македонија, изјави Антонио Милошоски, носител на кандидатската листа во Петтата изборна единица. ­

„За здравствените установи во рамки на Петтата изборна единица предвидена е набавка на 930 медицински апарати, со вкупна вредност од 6,5 милиони евра, од кои три милиони евра за охридските болници и установи“, рече Милошоски.

Тој најави и целосна реконструкција на Клиничката болница во Битола, обнова и реконструкција на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид, завршна фаза на реконструкција на Центарот за кардиоваскуларни болести во Охрид, како и реконструкција и опремување на болницата во Кичево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*