Home / Uncategorized / Министерот Диме Спасов покрај со својата се луксузирал и со картичката на возачот на Агенцијата за вработување

Министерот Диме Спасов покрај со својата се луксузирал и со картичката на возачот на Агенцијата за вработување

Освен службена картичка од Министерството за труд Диме Спасов имал на користење и картичка за трошење од Агенцијата за вработување. Наодите и сознанијата ги обелодени новото раководсто. Картичката на Спасов му била дадена само неколку дена пред да биде назначен за дополнителен заменик министер, а затворена е кога Спасов повторно седнал во министерската фотелја. Директорката Јовановска, вели дека службената картица официјално се водела на еден од возачите во Агенцијата.

„Во изјавата шоферот наведува дека директорот му кажал дека таа картица е даден на користење на тогашниот министер за труд и социјална политика, подоцна заменски министер, Диме Спасов. Истиот ја користел службената картица како средство за користење на репрезентација и истиот без никаков основ потрошил над 115 илјади денари од буџетот на АВРМ“, вели Билјана Јовановска – директор на Агенцијата за вработување.

Во писмената изјава на возачот стои:

„Случајно слушнав дека службената картица изработена на мое име ја користел тогашниот министер, а потоа и заменски министер Диме Спасов. Во истиот момент побарав прием кај директорот. Кога му кажав дека знам кој ја користи службената картичка на мое име видно се вознемири и почна да ми објаснува дека не треба да се секирам и дека се е законски и чисто“.

Од изводот на картичката за репрезентација на Агенцијата за вработување се гледа дека за седум месеци Диме Спасов по рестораните и кафулињата потрошил над 2 илјади евра. Плаќал во истите ресторани каде што одел и како министер. Јавна соба, Суши бар, Скај бар, Фрути Ди Маре, гостилница Бони, пицериите Балила и 511. Најчесто одел во кафеаната Меана Б. Со службената картичка од Агенцијата за вработување Спасов плаќал и во кинеските ресторани Пекинг гарден и Шин Хаи во Скопје. Во кафулето Кала три дена пред дочекот на новата 2016 година тој оставил 6 илјади денари. Следниот пат пак таму за кафе платил две и пол илјади денари.

Јовановска најавува кривични пријави.

„Ќе бидат поднесени кривични пријави, бидејќи постои основ со тоа што една од основните работи ќе биде, барем во овој случај покрај кривичната одговорност ќе бараме парите не наменски и не законски да бидат вратени во буџетот на АВРМ“, вели Билјана Јовановска – директор на Агенцијата за вработување.

Диме Спасов и поранешниот директор на Агенцијата за вработување не беа достапни за коментар. Службената картичка што Спасов ја имал од Министерството за труд ја користел за да плаќа сметки од елитни ресторани низ светот, па се до ќебапчилници и Мек Доналдс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*