Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска беше во посета на Битола. Министерот Спасов се обрати на Конференција организирана по повод Денот на ОН и свечено го отвори Инфо клубот во рамки на Правниот факултет.
Заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, постојаниот претставник на ОН во Република Македонија Лузиа Винтон, градоначалникот Владимир Талески и претставници на Универзитетот „Св.Климент Охридски”, денеска во Битола на симболичен начин, со поставување временска капсула го одбележаа 24 Октомври – Ден на Обединетите Нации.
Националната манифестација се одржа под мотото „Светот што го сакаме во 2030 година” и првпат во историјата на овој град, јавните личности од државата и студентите од Универзитетот „Св.Климент Охридски”-Битола со пишување пораки кои ги ставија во временската капсула, посочија каква иднина сакаат во градот, државата и во светот во 2030 година.
Б.В.