Don't Miss
Home / Uncategorized / Митревски ја напушти претседателсктаа фотелја на ССМ

Митревски ја напушти претседателсктаа фотелја на ССМ

Досегашниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски по неколкумесечна синдикална битка конечно се согласи да му ја препушти функцијата на новиот в.д. претседател Дарко Димовски. Името на претседателот на СУТКОЗ во петокот беше впишано во Централниот регистар, што беше потребно за Димовски да ја преземе позицијата.

Денеска со решението од Централен регистар Димовски дојде на своето работно место во просториите на ССМ, но обезбедувањето го спречи да влезе во зградата. Речиси еден час Димовски и неговите поддржувачи правеа напор да влезат внатре и да се пробијат кај обезбедувањето, за што беше повикана и полициска асистенција. Обезбедувањето одбиваше да ги отвори вратите по наредба на Митревски, како што рекоа, и во турканиците и буткањата беше скршена влезната врата на ССМ.

Обезбедувањето престана да дава отпор откако во холот на зградата се симна Живко Митревски. Тој го повика Димовски сам да се качи горе на разговор, но Димовски одби. На влезот од ССМ Митревски се согласи да му ја предаде функцијата и побара неколку часа за да си ги собере работите. Примопредавањето ќе се одржи денеска попладне по што синдикалците низ земјава ќе добијат нов лидер.

Митревски со години беше обвинуван дека е продолжена рака на власта и дека не ги штити правата на работниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*