Пред вечерашниот промотивен митинг на кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска- Давкова, ВМРО ДПМНЕ одржа средби со граѓаните во Битола, Могила и Новаци.
Изборната кампања во Битола, Мицкоски ја почна од битолскиот пазар каде имаше средба со граѓаните.
Најавувајќи сигурна победа на претседателските избори и распишување на предвремени парламентарни избори, Мицкоски за медиумите изјави.
-Денеска сме во Битола во рамките на предизборната кампања за претседателските избори ќе имаме голем народен митинг овде во Битола. Посетата ја започнуваме овде од пазарот, каде што сакаме да поразговараме со луѓето што се во секојдневен контакт и во допир со битолчани, да споделиме искуства, да ги слушнеме нивните искуства од тоа како денеска живеат луѓето, каква е потрошувачката помеѓу луѓето овде во Битола. И мислиме дека од таа навигација можеме многу да научиме, а во иднина истата таа навигација која што ќе ја добиеме од овие луѓе да ја искористиме и во рамките на креирање на нашите политики во подоцнежна.Затоа сето она искуство и сета онаа навигација, која што ќе ја добиеме од граѓаните во Битола и од Пелагонискиот крај, но и од овие луѓе кои што се овде на пазарите ќе бидат од огромно значење во креирање на идните политики на ВМРО-ДПМНЕ, подвлече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
М.М.