Don't Miss
Home / Uncategorized / Наташа Петровска: Битола ќе добие пазар каков што заслужува

Наташа Петровска: Битола ќе добие пазар каков што заслужува

Наташа Петровска, кандидат за градоначалник на Битола од редовите на СДСМ и Коалицијата За живот, денеска од Градскиот пазар порача дека Битола ќе добие пазар каков што заслужува.

-Секогаш со мерак сум влегувала во пазарот за да пазарам квалитетни производи за моето семејство. Во Битола навистина имаме квалитетни земјоделски производи но секогаш сум излегувала огорчена гледајќи во каква состојба ни е Битолскиот пазар. Она што не ми се допаѓа, што не ми се допаѓаше во минатото и го нагласувам е динамиката со која ние всушност работеле како локална самоуправа за да дојдеме до квалитетен пазар. Ветувам, дека со многу побрза динамика Битола ќе добие пазар токму каков што заслужува, пазар во кој комотно ќе се чувствуваат и пазарџиите, комотно ќе се чувствуваат и оние кои дошле да купуваат но и оние кои ѕемнат и оние кои ги трпат горештините продавајќи ги своите производи- изјави денеска, Наташа Петровска, кандидат за градоначалник на Битола од СДСМ и Коалицијата За живот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*