Младен Чадиковски е новиот претседател на Здружението на новинари. Тој со 86 гласа го победи својот противкандидат Столе Наумов од Канал77, за кој имаше 77 гласови.
Покрај ова, беа избрани и членови за Управниот и Надзорниот одбор и на Советот на честа.
За членови на надзорниот одбор избрани се Мери Јордановска со 95 гласа, Адриан Керими со 71, Ирена Мулачка, Наташа Стојановска и Семи Мехмети со 60 гласа.
Во Управниот одбор на ЗНМ според бројот на гласови влегоа: Фиљана Кока, Фуркан Салију, Среќко Поповски, Аднан Ајдари, Сашка Цветковска, Мишко Иванов, Сашко Димевски, Бењамин Арифи, Слободанка Јовановска и Зоран Димитровски.
Во Советот за етика се избрани сите петмина номинирани.