Драстични мерки за намалување на смртноста на новороденчињата како и мрежа за тромболиза и подостапна тромболитична терапија за лекување на причините, а не на последиците од мозочен удар во Клиничките болници Штип, Битола и Тетово како и во ГОБ 8 септември и Клиниката за Неврологија за да се намали морталитетот од мозочни удари, најави министерот за здравство Никола Тодоров.
Тодоров зборуваше и за реформите кои го издигнаа македонското здравство на високото 16 место во Европа според извештајот EHCI (европски здравствен потрошувачки индекс) чии претставници не верувале дека постои системот „Мој термин“.
Според Тодоров лично претседателот на EHCI во 2014 бил во Македонија за да се увери како функционира електронското закажување на прегледи во јавното здравство преку овој систем и со воодушевување во Брисел го презентирал македонскиот “Мој термин“.