Отако станарите кои живеат во близина на Владата на Република Македонија реагираа дека слушнале силна експлозија во 21.55 часот, екипи на МВР излегоа на терен.
Екипи за антитероризам веднаш излегле на местото и од извршениот увид пронајдено е местото на експлозијата и станува збор за тревникот зад зградата на Владата. Не е направена никаква материјална штета од експлозијата, а остатоците од проектилот се земени за вештачење.
Извор: republika.mk