Полицијата ги утврдува типот на оружјето од кое синоќа беа испукани два куршума во зградата на Владата, правецот од каде дошле, мотивите и евентуалните сторители, изјави денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Таа вели дека полицијата има остатокот од куршумот што дава информација за неговиот калибар, а оружјето од кое е испукан таков куршум може да биде различно оружје.
Јанкулоска изјави дека степенот на обезбедување на објектите од витално значење секогаш е на потребното ниво.
Два куршуми синоќа се испукани на зградата на Владата. Едниот завршил во покривот, а другиот во страничната фасада.